Активности



Петок, 4 ноември 2011 година

Петта седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на Петтата седница, одржана на 2 и 3 ноември 2011 година, ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за млади (второ читање);
  2. Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (I фаза);
  3. Статутарната одлука за дополнување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (I фаза);
  4. Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев” - Штип (I фаза).

На седницата, Комисијата не даде забелешки по трите Статутарни одлуки и го прифати Мислењето на Владата на Република Македонија по Одлуките.

Комисијата за образование, наука и спорт ѝ предлага на Законодавно-правната комисија да ги вгради забелешките од Мислењето на Владата на Република Македонија и да ги достави до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и до Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Материјалот на Предлогот на закон за млади (второ читање) беше повлечен.

 

 

 

 

 

Click