Петок, 21 октомври 2011 година
Проштална средба на претседателот Вељаноски со амбасадорот на Република Австрија, г. Алојз Краут![](WBStorage/Articles/4B01C2C895A04644AF82CFDAE7A91AF8.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, имаше проштална средба со амбасадорот на Република Австрија, г. Алојз Краут.
Соговорниците се согласија дека односите меѓу двете земји се добри и на билатерален план и во рамките на меѓународните организации. Економската соработка има добра основа, особено поради фактот што една австриска банка е веќе присутна на македонскиот пазар и истата со себе носи импулс за дополнителни инвестиции од австриски компании.
Идниот амбасадор го започнува мандатот веднаш по заминувањето на г. Алојз Краут, што е показател за важноста и развиеноста на односите меѓу Република Македонија и Република Австрија.