Активности



Понеделник, 3 октомври 2011 година

Прва седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Комитетот за односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија денеска ја одржа Првата седница, со која претседаваше претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски.

Претседателот Вељаноски, честитајќи им го изборот на членовите на Комитетот, извести дека тој ја свикал и ќе претседава со Првата конситутивна седница на Комитетот, сè до изборот на претседател на Комитетот. Воедно, тој ја нагласи значајната улога на Комитетот во развојот и унапредувањето на односите меѓу заедниците во Република Македонија. 

На предлог на претседавачот, на седницата беше усвоен следниот Дневен ред:

  • Избор на претседател и заменик на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Членот  на Комитетот, г. Талат Џафери, за претседател на Комитетот ја предложи г-ѓа Ермира Мехмети, пратеник и член на Комитетот.

За заменик на претседателот на Комитетот, членот на Комитетот г. Оливер Спасовски, ја предложи г-ца Маринела Тушева, пратеник и член на Комитетот.

По гласањето, претседавачот констатираше дека за претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците, е избран членот на Комитетот г-ѓа Ермира Мехмети, а за заменик на претседателот на Комитетот е избран членот на Комитетот г-ца Маринела Тушева.                                                                                
     
  

                                                          

 

     
                    

 

 

 

 

Click