Активности



Понеделник, 14 ноември 2011 година

Учество на пратеникот Радмила Шекеринска на презентација на Транзицискиот извештај за 2011 година на Европската банка за обнова и развој

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска, ќе учествува во презентацијата на Транзицискиот извештај за 2011 година на Европската банка за обнова и развој, која ќе се одржи на 15 ноември 2011 година, во седиштето на ЕБОР во Лондон.

Главните наоди од Извештајот ќе бидат презентирани од г. Ерик Берглоф, главен економист на Европската банка за обнова и развој, а потоа со свои коментари на Транзицискиот извештај 2011 ќе учествува г-ѓа Радмила Шекеринска, како и г. Гордон Бајнаи, поранешен премиер на Унгарија, г. Ораз Јандосов, поранешен премиер на Казахстан и г-ѓа Ана Андренкова, директор за истражување во ЦЕССИ, Русија.

Во Извештајот, кој е насловен „Криза и транзиција: Народна перспектива“, Европската банка за обнова и развој известува за напредокот во реформите и економскиот развој во 29 земји од Централна и Источна Азија и се фокусира на економските кризи 2008-2010 година и нивните долгорочни последици, но гледано од аспект на домаќинствата и поединците.

 

Click