Активности



Петок, 7 октомври 2011 година

Седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Седмата седница, одржана на 6 октомври 2011 година, како матично работно тело го разгледа:

  • Предлог-законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри (второ читање)

По Предлогот на законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, поднесен од пратениците г. Драган Цуклев, г. Павле Трајанов, г. Талат Џафери, г. Харалампие Шокаровски, г-ѓа Лилјана Кузмановска, г. Михаило Џолонга и г. Џеват Адеми, Комисијата ги разгледа предложените амандмани:

  • Амандманот за бришење на член 1, Амандманот за бришење на член 2 и Амандманот за бришење на член 3, поднесени од пратениците: г. Марјанчо Николов, г. Игор Ивановски и г. Јани Макрадули, на кои се приклучија и пратениците г-ѓа Весна Бендевска, г. Менде Диневски и г. Горан Сугаревски.      

Со четири гласа „за“ и седум „против“, Комисијата не ги усвои трите предложени амандмани.

Во расправата учествуваа пратениците: г. Марјанчо Николов, г. Јани Макрадули, г. Драган Цуклев, г-ѓа Владанка Авировиќ, г-ѓа Весна Бендевска, г-ѓа Лилјана Кузмановска, г-ѓа Билјана Казанџиска, г. Панче Орцев, г-ѓа Станка Анастасова, г. Горан Мисовски, г. Ромео Тренов, г. Менде Диневски, г. Борче Ставров, г. Талат Џафери и г. Стојко Пауновски.

На крајот од расправата, Комисијата со седум  гласа „за“ и  четири „против“, заклучи дека не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог и му предлага на Собранието да го разгледа и донесе Законот за изменување на законот за игрите на среќа и за забавните игри (второ читање). 

 

Click