Активности



Петок, 9 декември 2011 година

Седма седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на 7. Седница, одржана на 7 декември 2011 година, ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка во II читање;
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка во II читање.

До предвидениот рок за поднесување на амандмани согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија, по двата Предлог-закони беа поднесени по три амандмани од овластените предлагачи, кои од страна на Комисијата не беа усвоени.

Во дискусијата по точките од дневниот ред, учествуваа пратениците: г-ѓа Ана Павлова-Даневска, г. Митре Велјаноски, г-ѓа Билјана Казанџиска, г. Драгиша Милетиќ, г. Димитар Стевананџија и г. Диме Маџовски.

Комисијата ги проследи Предлог-законите на натамошна постапка  во Собранието на Република Македонија.

 

 


 

Click