Активности



Среда, 7 декември 2011 година

Седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 7. седница, одржана денеска, како матично работно тело, во скратена постапка го разгледа:

  • Предлогот на закон за дополнување на Законот за виното.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: г-ѓа Ленче Николовска и г. Борче Ставров.

На крајот, Комисијата го проследи Предлог-законот за дополнување на Законот за виното на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

Click