Активности



Петок, 4 ноември 2011 година

Шеста седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на Шестата седница, одржана на 31 октомври 2011 година, ги разгледа:

  • Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Федеративна Република Бразил за ослободување од визи;
  • Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка и заемна помош по царински прашања;
  • Претставување на платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Европската унија, Андреј Лепавцов.

На седницата на Комисијата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи.

Во однос на Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Федеративна Република Бразил за ослободување од визи, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа Предлог-законот и да го донесе истиот.

Претседателот на Комисијата, г. Антонио Милошоски, го поздрави донесувањето на Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка и взаемна помош по царински прашања, воедно истакнувајќи дека Спогодбата ќе придонесе кон олеснување на комуникацијата и зајакнување на ефикасноста во областа на царинските прашања помеѓу двете држави.

Врз основа на расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за соработка и заемна помош по царински прашања и истиот да го донесе.

Воедно, на Комисијата како последна точка беше претставена и платформата за дипломатски активности на новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Европската унија, Н.Е Андреј Лепавцов.

Click