Активности



Петок, 4 ноември 2011 година

Шеста седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на Шестата седница одржана на 1 ноември 2011 година, како матично работно тело ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување на Законот за странците (второ читање);
  • Предлог-законот за изменување на Законот за внатрешни работи (второ читање);
  • Предлог-законот за изменување на Законот за државјанството на Република Македонија (второ читање);
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето (второ читање);
  • Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан во состав на Меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан – ИСАФ.

По четирите Предлог-закони до предвидениот рок за поднесување на амандмани, немаше поднесено амандмани од овластените предлагачи.

Заменик-министерот за одбрана ја образложи потребата од донесување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан во состав на Меѓународните сили за безбедносна подршка на Авганистан- ИСАФ.

Комисијата за одбрана и безбедност едногласно му предложи на  Собранието на Република Македонија да ја разгледа и усвои оваа Предлог-одлука.

На крајот од седницата, Комисијата, исто така, одлучи горенаведените Предлог-закони да ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click