Активности



Петок, 4 ноември 2011 година

Втора седница на Комисијата за локална самоуправа

Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Република Македонија, на Втората седница, одржана на 31 октомври 2011 година, како матично работно тело го разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Град Скопје - второ читање.

Согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија, до предвидениот рок за поднесување на амандмани, беа поднесени три амандмани од овластените предлагачи.

Во дискусијата по точката од дневниот ред учествуваа пратениците:  г. Џеват Адеми, г. Благоја Стојановски, г. Панче Орцев, г. Беким Фазлиу, г. Орхан Ибрахими, г. Газменд Алији, г. Изет Зеќири, г. Неџати Јакупи, г. Зијадин Села, г-ѓа Бети Кузмановска и министерот за локална самоуправа,  г. Невзат Бејта.

Комисијата за локална самоуправа на седницата ги разгледа трите предложени амандмани, но не усвои ниту еден од нив.

На крајот од расправата, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

Click