Активности



Среда, 15 февруари 2012 година

Дванаесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на 12. Седница, одржана на  9 февруари 2012 година, како заинтересирано работно тело ги разгледа:

  • Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за гранично регулирање на железничкиот сообраќај;
  • Предлог-законот за  изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување.

На седницата, во својство на повереници на Владата на Република Македонија, присуствуваа г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи и г. Стојанчо Стојковски, раководител  на Сектор во Министерството за здравство, кои ја образложија потребата од донесување на Предлог-законите.

Во расправата учествуваа пратениците: г. Aнтонио Милошоски, г. Неџати Јакупи, г-ѓа Станка Анастасова, г. Ивон Величковски, г. Миле Пачемски и г. Арбен Љабеништа.

На крајот од расправата, Комисијата, со 7 гласа „за“ заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и донесе Предлогот на законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за гранично регулирање на железничкиот сообраќај, додека по Предлогот на законот за  изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување со 6 гласа „за“ заклучи дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

 


 

Click