Активности



Вторник, 24 април 2012 година

Петнаесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 15. седница, ги разгледа:

  • Предлогот на законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за екстрадиција;
  • Предлогот на законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Хрватска за екстрадиција.

На седницата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи, кој ја образложи потребата од донесување на законите.

Комисијата со 8 гласа „за“ по Предлогот на законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за екстрадиција и 12 гласа „за“ по Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Хрватска за екстрадиција, заклучи да му предложи на Собранието на Република Македонија да ги разгледа и донесе Предлог-законите.

Комисијата Предлог-законите ги гледа како заинтересирано работно тело.

 

 

Click