Активности



Четврток, 17 мај 2012 година

Дванаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 12. седница одржана денеска, како матично работно тело во второ читање го разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување на Законот за шумарска и ловна инспекција;

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство Предлогот на закон за изменување на Законот за шумарска и ловна инспекција, го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 
 

Click