Активности



Четврток, 14 јуни 2012 година

Тринаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 13. седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: г. Горан Сугарески, г. Панче Орцев, г-ѓа Ленче Николовска, г. Васко Пашовски и г. Борче Ставров.

На крајот, Комисијата едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште (прво читање), од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Click