Активности

Среда, 17 октомври 2012 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на првото, второто, третото и четвртото продолжение на 14. Седница, одржани на 8, 10, 15 и 16 октомври 2012 година, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на закон за туристички развојни.

По Предлог-законот беа разгледани вкупно 33 амандмани поднесени од овластените предлагачи, од кои Комисијата усвои 2 амандмани, не усвои 19, додека 12 беа повлечени.

Врз основа на членот 149, став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за економски прашања поднесе и усвои вкупно 6 амандмани.

Комисијата за економски прашања едногласно заклучи Предлогот на закон за туристички развојни зони да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

 

 
Click