Активности



Вторник, 22 мај 2012 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија на 14. Седница, одржана вчера, како матично работно тело ги разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за образование на возрасните (второ читање); 
  • Предлогот на закон за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка (поднесен од пратениците Илија Димовски и Талат Џафери).

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за образование на возрасните не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

На седницата, во својство на претставник на предлагачите на Предлогот на закон за изменување на Законот за спортот присуствуваше пратеникот Талат Џафери.

Во дискусијата учествуваа пратенците: г. Митре Велјаноски и г. Димитар Стевананџија.

На крајот од расправата, Комисијата ги проследи Предлог-законите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click