Активности



Четврток, 15 март 2012 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на Четиринаесеттата седница, одржана на 12 март 2012 година, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за изменување на Законот за инвалидски организации (прво читање);
  2. Предлогот на законот за ратификација на Конвенцијата за вршење на работа дома;
  3. Предлогот на законот за ратификација на Конвенцијата за промотивна рамка за безбедност и здравје при работа;
  4. Предлогот на законот за ратификација на Конвенцијата за заштита на мајчинството;
  5. Предлогот на законот за ратификација на Конвенцијата приватните агенции за вработување.

Потребата од донесување на Предлог-законите ја образложи претставникот на Владата на Република Македонија, заменик-министерот за труд и социјална политика, г. Ибрахим Ибрахими, кој истакна дека причината за менување на законите е усогласување со други закони.

Во расправата по Предлог-законите учествуваа пратениците: г-ѓа Радмила Шекеринска и г. Цветанка Иванова, како и претставникот на ССМ, г-ѓа Даница Михајловска.

Комисијата, врз основа на членот 141 став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и врз основа на расправата, констатираше дека има потреба од нивно донесување, имајќи ги предвид начелата врз кои се засноваат Предлог-законите, основните односи што се уредуваат со законите и начинот на кој се предлага нивното уредување.

Врз основа на членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за труд и социјална политика, едногласно констатираше дека Предлог-законите се прифатливи и му предложи на матичното работно тело да ги даде на натамошно, односно на второ  читање.


 

Click