Активности



Среда, 20 јуни 2012 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 14. седница, одржана на 19 јуни 2012 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за водостопанствата;
  • Предлог-законот за идентификација и регистрација на животните;
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура.

На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г. Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, кои ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во дискусијата по Предлог-законите учествуваа пратениците: г-ѓа Ленче Николовска, г. Панче Орцев, г. Васко Пашовски, г. Борче Ставров и г. Реџаиљ Исмаили.

На крајот од расправата, Комисијата со 6 гласа „за" и 3 „против" по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за водостопанствата и едногласно по Предлог-законот за идентификација и регистрација на животните и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура, го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледа Предлог-законите од гледна точка на потребата за донесување на законите, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.
Click