Активности



Вторник, 28 септември 2012 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Шеснаесеттата седница, одржана на 19 септември 2012 година, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог на закон за Геолошки завод на Република Македонија;
  2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност;
  3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност;
  4. Предлог на закон за дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал;
  5. Предлог на закон за дополнување на Законот за приватизација на државниот капитал; 
  6. Предлог-закон за минерални суровини;
  7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за возила.

- По Предлогот на закон за дополнување на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, Предлогот на закон за дополнување на Законот за приватизација на државниот капитал, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност и Предлогот на закон за Геолошки завод на Република Македонија, заменик-претседателот на Комисијата, г-ѓа Владанка Авировиќ, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата со мнозинство гласови заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да ги разгледа и донесе овие Предлог-закони.

- Што се однесува на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, беа поднесени 10 амандмани, од кои 4 беа усвоени, 4 не беа усвоени, а 2 беа повлечени.

Комисијата едногласно заклучи овој Предлог на закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

- Во врска со Предлогот на закон за минерални суровини, Комисијата претресе вкупно 28 амандани, поднесени од овластени предлагачи, од кои 8 беа усвоени, 15 не беа усвоени, а 5 беа повлечени.

По овој Предлог-закон, Комисијата за економски прашања поднесе 8 амандмани и истите ги усвои.

Комисијата едногласно заклучи Предлогот на закон за минерални суровини да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

- Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за возила, Комисијата претресе 4 поднесени амандани, кои едногласно беа усвоени.

Комисијата за економски прашања едногласно заклучи овој Предлог-закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click