Активности



Среда, 10 октомври 2012 година

Седумнаесетта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Седумнаесеттата седница, одржана на 8 октомври 2012 година, како матично работно тело ги разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошко-индустриски развојни зони (по скратена постапка); 
  • Разгледување на Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност (второ читање).

Образложение на Предлог-законот даде претставникот на предлагачот, министерот за економија, г. Ваљон Сараќини.

Беше истакнато дека измените и дополнувањата на Законот за технолошко-индустриски развојни зони произлегуваат врз основа на барањата на Светската банка, со цел нивно поефикасно искористување.

Предложените измени на законот содржат неколку решенија. Препораките се однесуваа во однос на воведување на шалтер, именуван како one stop-shop, со цел потенцијалните инвеститори да можат на многу полесен начин да ги добијат  потребните информации и тоа преку Агенцијата за странски инвестиции или пак во Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони. Целта е подобрување на бизнис климата.

Во своето излагање, министерот Сараќини детално ги образложи сите измени и дополнувања и тоа за секој член пооделно, почнувајќи од техничките измени во Законот.

Беше истакнато дека со Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони управува Управен одбор, со мандат кој ќе трае четири години и кој е составен од седум членови и тоа по еден член предложен од страна на Министерството за економијата, Министерството за финансии и еден член предложен од страна на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, еден член предложен од страна на министерот за транспорт и врски и тројца членови со едногодишен мандат предложени од Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони.

Министерот Сараќини ги потенцираше измените во членот 33 каде што се додаваат неколку нови ставови и истакна дека истите се направени согласно одредбите на Законот за градење.

Во претресот по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошко индустриски развојни зони (по скратена постапка) учествуваа членовите: г. Марјанчо Николов, г. Стојко Пауновски, г. Миле Андонов и г. Газменд Алији, заменик-членот г. Изет Зеќири, пратеникот Станка Анастасова и министерот за економија, г. Ваљон Сараќини.

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

По завршувањето на расправата, Комисијата за економски прашања, со мнозинство гласови, заклучи дека Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошко индустриски развојни зони, по скратена постапка, e прифатлив и треба да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Комисијата за економски прашања на седницата го разгледа и Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност (второ читање).

Матичното работно тело, Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија имаат усогласени ставови во однос на усвоените амандмани, освен за амандманот на членот 2 став 3 во новите точки 4) и 5), во ставот 4 и за бришење на ставот 5, поднесен од пратениците: г. Талат Џафери, г. Неџати Јакупи, г-ѓа Вјолца Мехмети-Нуредини, г-ѓа Хајрие Мисими, г-ѓа Сузана Салиу, г. Бехиџудин Шехаби, г. Арбен Љабеништа и г. Реџаил Исмаили, под архивски број 07-3707/3, кој Законодавно-правната комисија го усвои со видоизменет текст.

По завршување на претресот Комисијата за економски прашања го усвои видоизменетиот текст на предложениот амандман.

Click