Активности



Среда, 23 мај 2012 година

Седумнаесетта седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на 17. седница, одржана вчера, го разгледа Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Швајцарскиот сојузен совет за преземање на лица кои престојуваат без дозвола.

На седницата на Комисијата. во својство на повереник на Владата на Република Македонија. присуствуваше г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи, кој го образложи Предлог-законот.

На барањето на пратеникот Антонио Милошоски за дополнително појаснување, г. Стевчевски истакна дека Република Македонија има склучено договор со ЕУ за исполнување на реадмисијата и има потпишано протоколи одделно со државите-членки, меѓутоа дека посебен договор со Швајцарија се склучува од причина што таа не  е членка на ЕУ.

Врз основа на расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да го донесе овој Предлог-закон.

 

Click