Активности

Среда, 2 мај 2012 година

Осумнаесетта седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Осумнаесеттата седница, одржана на 26 април 2012 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за престанување на важењето на Законот за Републички завод за унапредување на домаќинството, по скратена постапка.

Потребата од донесување на Предлогот на закон ја образложи претставникот на Владата на Република Македонија, заменик-министерот за труд и социјална политика, г. Ибрахим Ибрахими.

Врз основа на членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за труд и социјална политика едногласно  констатираше дека овој Предлог-закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно, односно на второ  читање.

 
Click