Активности



Четврток, 6 септември 2012 година

Осумнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 18. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше, г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г. Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Заменик-министерот Коњановски ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваa пратеникот Панче Орцев и г. Дејан Рунтевски.

На крајот, Комисијата едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство (прво читање), од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, оцени дека Предлог-законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

     

Click