Активности



Четврток, 15 март 2012 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Деветнаесеттата седница, одржана на 12 март 2012 година, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за дополнување на Законот за заштита на природата (прво читање);
  2. Предлогот на одлука за давање согласност на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година;
  3. Предлогот на одлука за давање на согласност на Годишниот финансиски план на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година;
  4. Предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за соседните земји и Европа на странски јазици за 2012 година;
  5. Предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмите наменети за информирање на иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во соседните земји, во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година;
  6. Предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на радио програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година;
  7. Предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година;
  8. Предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности на втор телевизиски програмски сервис преку сателит наменет за иселениците и граѓаните на Република Македонија кои живеат во Европа и на другите континенти на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот јазик и на другите немнозински заедници за 2012 година;
  9. Предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Јавното претпријатие Македонска радио-телевизија за редовни и инвестициони активности за Собранискиот канал за 2012 година.

На седницата на Комисијата во својство на претставници на Владата на Република Македонија присуствуваа: г. Стево Темелковски, заменик-министер за животна средина и просторно планирање и г. Никола Димитровски, директор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Во образложението на Предлог-законот за дополнување на Законот за заштита на природата, г. Темелковски, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

По Предлогот на одлука за давање согласност на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година и Предлогот на одлука за давање на согласност на Годишниот финансиски план на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година, г. Димитровски ги презентираше програмата за работа и годишниот финансиски план на Агенцијата за 2012 година.

Во дискусијата по Предлог-законите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Павле Саздов, г. Јани Макрадули, г. Павле Саздов, г. Благоја Стојановски и г. Изет Зеќири.

На крајот од расправата, Комисијата со 6 гласа „за“ и 5 „против“, оцени дека Предлогот на законот за дополнување на Законот за заштита на природата - I читање, од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.

Воедно, Комисијата ги разгледа Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година и Годишниот финансиски план на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година заедно со мислењето на владата и со 6 гласа „за“ и 4 „против“ предлага Собранието на Република Македонија да донесе одлуки за давање согласност на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година и Годишниот финансиски план на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година.

Во однос на останатите Предлог-одлуки, материјалите беа повлечени од страна на овластените предлагачи.

Click