Активности



Вторник, 18 септември 2012 година

Деветнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 19. седница, одржана денеска, како матично работно тело во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка;
  2. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство.

На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и г. Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Заменик-претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесени се вкупно три амандмани по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Борче Ставров, г. Ванчо Апостолов, г. Малиша Станковиќ, г. Саве Марачков, г. Славе Гошев, г. Ивон Величковски, г. Ромео Тренов, г. Васко Пашовски, како и министерот Димовски.

Комисијата не усвои ниту еден од поднесените амандмани.

Во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство, поднесени се 2 амандмани од овластени предлагачи кои Комисијата не ги усвои. 

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Ивон Величковски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г. Дејан Рунтевски.

Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство Комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство, разгледа и усвои 4 амандмани.

По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи Предлог-законите да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click