Активности



Среда, 20 јуни 2012 година

Дваесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 20. седница, во прво читање ги разгледа:

  • Предлог на закон за изменување на Законот за судовите;
  • Предлог на закон за изменување на Законот за идентификација и регистрација на  животните.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г-ѓа Билјана Бришковска-Бошковски, заменик-министер за правда, која даде образложение за потребата од донесувањето на законот, од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Во расправата учествуваа: пратеникот г-ѓа Станка Анастасова и заменик-министерот за правда, г-ѓа Билјана Бришковска-Бошковски.

Во однос на Предлогот на закон за изменување на Законот за  идентификација и регистрација на животните, г. Тони Керанџиски, раководител на Сектор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја образложи потребата од донесувањето на законот, од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Во расправата по Предлог-законот учествуваше и пратеникот г. Панче Орцев.

Комисијата со седум гласа „за" и еден „воздржан" по Предлогот на законот за изменување на Законот за судовите и девет гласа  „за" и еден „воздржан" по Предлогот на законот за изменување на Законот за  идентификација и регистрација на животните, му предложи на Собранието на Република Македонија дека Предлог на законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.
 

 

 

Click