Активности

Среда, 31 октомври 2012 година

Дваесетта седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, на Дваесеттата седница, одржана на 24 октомври 2012 година, го разгледа Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2012 година (Поглавје 4.25 - Наука и истражување и Поглавје 4.26 - Образование и култура).

На седницата присуствуваше заменикот на министерот за образование и наука, г.  Сафет Незири, кој ги изнесе видувањата во однос на оценките во Извештајот на Европската комисија во поглавјата за науката и истражувањето и за образованието, при што оцени дека тие се реални.

Покрај констатациите за активностите кои се во тек или во рана фаза на реализација, Извештајот  содржи и оценки за напредок, како што се измените на законите за основното и средното образование, рангирањето на универзитетите, започнувањето на третиот циклус студии како дел од Болоњскиот процес во високото образование и стратегиите за претприемништво и за обуки за талентирани ученици.

Нотирани се програмите за обука на наставници кои ќе бидат основа за интегрирано образование, чија реализација ќе се остварува во фази, со меѓународна помош.

Сериозен е пристапот на Министерството и кон намалување на насилството од етнички аспект, за што е потребно да се мобилизира целото општество.

Европската комисија оценува дека нема стагнација во рамковните програми, но дека треба да се унапредуваат.

Во однос на потребата од образование што ќе биде компатибилно на потребите на пазарот на трудот, информираше дека Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија и други релевантни институции, работи на усогласување на студиските програми согласно со потребите од професионална работна сила. На оваа проблематика се работи и преку владините реклами за сензибилизирање на младите за запишување во средните стручни училишта.

Во дискусијата учествуваа пратениците: г. Изет Зеќири, г. Николче Ацевски, г-ѓа Билјана Казанџиска, г. Ердоган Сарач и г. Митре Вељаноски.

Комисијата со 10 гласа „за“ му предложи на Собранието на Република Македонија да го разгледа Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2012 година.

 
Click