Активности



Четврток, 6 септември 2012 година

Дваесет и прва седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 3 септември 2012 година, ги разгледа:

  • Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Државата Кувајт за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал;
  • Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за порамнување на долгот на Република Албанија кон Република Македонија во врска со порамнувањето на износите на сметките во рамките на стоковата размена меѓу Република Албанија и поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија;
  • Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Молдавија за соработка во областа на здравството и медицинските науки;
  • Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на културата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Литванија;
  • Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Азербејџан за соработка и взаемна помош по царински прашања;
  • Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за условите за патувања на државјани на двете земји;
  • Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора за реадмисија (враќање и прифаќање) на лица кои се без дозвола за престој.

На седницата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Стевчевски од Министерството за надворешни работи, кој ги образложи Предлог-законите.

Врз основа на расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги донесе горенаведените Предлог-закони.

Click