Активности

Четврток, 22 март 2012 година

Дваесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Дваесет и прва седница, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за водите, по скратена постапка.

Комисијата по Предлог-законот претресе вкупно три амандмани, поднесени од пратениците: г. Јани Макрадули, г. Борче Ставров, г. Благоја Стојановски, г. Саве Марачков, г-ѓа Тања Томиќ и г. Панче Орцев.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Борче Ставров, г-ѓа Весна Бендевска, г-ѓа Ане Лашкоска, г-ѓа Лилјана Затуроска и г. Борче Арсов, како и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, г. Стево Темелковски.

Комисијата за транспорт, врски и екологија едногласно го усвои Амандманот на членот 3 за менување на ставот 3, додека со 5 гласа „за“ и 6 гласа „против“ не го усвои Амандманот на членот 4 став (3) во новиот став (7).

Амандманот за бришење на членот 8, Комисијата едногласно не го усвои.

По расправата, Комисијата заклучи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за водите, по скратена постапка, да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.
Click