Активности



Вторник, 22 мај 2012 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија како матично работно тело, на вчерашната 25. седница, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди - II читање;
  2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности - II читање; 
  3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за процена, по скратена постапка.

Претседателот на Kомисијата, г. Илија Китаноски, ги извести пратениците дека до предвидениот рок за поднесување на амандмани утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

По Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, беа поднесени вкупно десет амандмани, додека по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности беа поднесени вкупно седум амандмани. Комисијата не усвои ниту еден од предложените амандмани.

Во однос на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за процена, по скратена постапка, до предвидениот рок за поднесување на амандмани, односно до пред почетокот на Комисијата, не беа поднесени амандмани од овластените предлагачи.

Во дискусијата по точките од дневниот ред учествуваа пратениците: г. Илија Китаноски, г-ѓа Весна Бендевска, г. Александар Николоски, г-ѓа Ана Павловска-Данева, г. Трајче Димков, г. Гордан Георгиев, г-ѓа Цветанка Иванова, г. Драгиша Милетиќ, г. Ердоган Сарач и заменик-министерот за правда, г-ѓа Биљана Бришкоска-Бошковски.

На крајот од расправата, Комисијатa ги проследи Предлог-законите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

 

Click