Активности

Среда, 2 мај 2012 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 25. седница, одржана на 30 април 2012 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, по скратена постапка.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација.

Во образложението на Предлог-законот, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваа пратениците: г. Јани Макрадули и г-ѓа Билјана Казанџиска.

Врз основа на член 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за транспорт, врски и екологија поднесе и усвои 2 амандмани.

По расправата, Комисијата заклучи овој Предлог на закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 
Click