Активности

Среда, 20 јуни 2012 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на 29. Седница, одржана на 18 јуни 2012 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за судовите - I читање.

Потребата од донесување на Предлог-законот ја образложи замeникот на министерот за правда, г-ѓа Билјана Бришкоска-Бошковски. 

Врз основа на расправата и членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата со седум гласа „за“ и четири „воздржани“ констатира дека Предлог-законот за изменување на Законот за судовите e прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

 
Click