Активности



Вторник, 22 мај 2012 година

Дваесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија,  на 29. Седница, одржана на 21 мај 2012 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење - I читање;
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање - I читање;
  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти - I читање.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Тахир Хани, заменик-министер за транспорт и врски.

Во образложението на Предлог-законите, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во дискусијата по Предлог-законите учествуваа пратениците: г. Јани Макрадули, г. Благоја Стојановски, г. Газменд Алији, г. Борче Ставров и г. Стефче Трпковски.

На крајот, Комисијата со мнозинство гласови го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија ги разгледа Предлог-законите од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и оцени дека Предлог-законите се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.


Click