Активности



Среда, 6 јуни 2012 година

Триесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Триесет и прва седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје;
  2. Предлогот на закон за дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати;
  3. Предлогот на закон за изменување на Законот на даноците на имот;
  4. Предлогот на закон за дополнување на Законот за даночна постапка;
  5. Предлогот на закон за адвокатски маркички;
  6. Предлогот на закон за изменување на Законот за административните такси.

Во однос на Предлогот на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје, беше поднесен и усвоен еден амандман. Комисијата едногласно заклучи дека согласно Деловникот се исполнети условите за изготвување на дополнет предлог.

Со 6 гласа „за” и 1 „воздржан” по Предлогот на закон за изменување на Законот за даноците на имот, Предлогот на закон за дополнување на Законот за даночна постапка и Предлогот на закон за адвокатски маркички и едногласно по Предлогот на закон за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати и Предлогот на закон за изменување на Законот за административните такси, Комисијата заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се исполнети условите за подготвување на  дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да ги разгледа и донесе Законите.

 


 

Click