Активности



Среда, 20 јуни 2012 година

Триесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 32. Седница, одржана на 18 јуни 2012 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за комунални дејности - I читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Тахир Хани, заменик-министер за транспорт и врски.


Во образложението на Предлог-законот претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците: г. Благоја Стојановски и г. Панче Орцев.


На крајот, Комисијата едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија го разгледа Предлогот на законот за комунални дејности - I читање од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и оцени дека Предлог-законот е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.

     
Click