Активности



Четврток, 12 јули 2012 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и четвртата седница, одржана на 5, 9, 10 и 11 јули 2012 година, како матично работно тело во второ читање ги разгледа: Предлогот на законот за вршење на сметководствени работи и Предлогот на закон за експропријација.

По Предлогот на законот за вршење на сметководствени работи, Комисијата разгледа вкупно 86 амандмани, поднесени од овластени предлагачи, од кои 14 беа усвоени.

Врз основа на членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлогот на законот на предлог на пратеникот Марјанчо Николов, Комисијата  за финансирање и буџет поднесе и усвои два амандмани.

Во однос на Предлогот на закон за експропријација беа поднесени 3 амандмани кои Комисијата не ги усвои.

Комисијата со шест гласа „за“ и еден глас „воздржан“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог на Закон за вршење на сметководствени работи. 

Комисијата со пет гласа „за“ и два гласа „против“ заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе Законот за експропријација.

Click