Активности



Понеделник, 23 јули 2012 година

Триесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Tриесет и четвртата седница, одржана на 19 јули 2012 година, како матично работно тело, во прво читање ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина;
  2. Предлогот-законот за изменување на Законот за електронските комуникации;
  3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад;
  4. Предлог-законот за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, поднесен од пратеникот Ивон Величковски;
  5. Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за обезбедување на средства за финансирање на програмата за изградба на железничката пруга Куманово – Бељаковце - Крива Паланка – Деве Баир (граница со Република Бугарија).

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Абдулаким Адеми, министер за животна средина и просторно планирање; г-ѓа Марта Томовска, заменик-министер за информатичко општество и администрација; г. Тахир Хани, заменик-министер за транспорт и врски, како и пратеникот г. Ивон Величковски.

Во образложенијата на Предлог-законите, претставниците на Владата ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во дискусијата по Предлог-законите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Газменд Алији, г. Благоја Стојановски и г. Борче Ставров.

На крајот од расправата, Комисијата ги усвои следните заклучоци:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија ги разгледа Предлог-законите од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и оцени дека Предлог-законите се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.

Комисијата без дискусија со 6 гласа „против“ не го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, поднесен од пратеникот Ивон Величковски - I читање од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и оцени дека Предлог-законот е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.
Click