Активности



Четврток, 30 август 2012 година

Триесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Триесет и седмата седница, одржана денеска, како матично работно тело го разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа (второ читање).   

Со оглед на тоа што во рокот утврден со Деловникот, по овој Предлог на закон не беа поднесени амандмани, Комисијата едногласно заклучи дека не се исполнети условите за изработка на Дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа.

Click