Активности



Петок, 21 септември 2012 година

Триесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Триесет и седмата седница, одржана на 19 септември 2012 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на националната стратегија за води.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Абдулаким Адеми, министер за животна средина и просторно планирање.

Во образложението на Предлогот на националната стратегија за води,  претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на истата, образложувајќи ја поконкретно содржински како документ којшто е изработен од релевантни стручни лица и институции во една транспарентна постапка со одржување на јавни расправи организирани од министерството за животна средина и просторно планирање.

Тој посебно истакна дека националната стратегија е многу значаен документ за севкупниот развој на Република Македонија во наредниот период.

Во дискусијата по Предлогот на националната стратегија за води учествуваше пратеникот г-ѓа Ане Лашкоска.

На крајот Комисијата едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија го разгледа Предлогот на националната стратегија за води и му предлага на Собранието на Република Македонија да ја донесе.

 

Click