Активности



Среда, 3 октомври 2012 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Четириесет и прва седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, поднесен од пратениците Александар Николоски и Лилјана Затуроска (по скратена постапка).

Воведно образложение по поднесениот Предлог на закон даде претставник на предлагачите, пратеникот Лилјана Затуроска. Таа истакна дека предложените измени и дополнувања во Законот произлегуваат од реални причини и проблеми со кои се соочуваат граѓаните и инсистираат преку измени  и дополнувања на Законот да им се излезе во пресрет на нивните барања.

Поаѓајќи од фактот дека измените не се од голем обем, се предлага законот да се донесе по скратена постапка.

Предложените изменувања и дополнувања во законот имаат за цел непречена реализација на јавниот интерес од значење за Република Македонија и од значење за ЕЛС.

Во претресот учествуваа пратениците: г. Марјанчо Николов, г. Јани Макрадули,  г. Ѓорги Коџабашиев, г. Миле Андонов и г-ѓа Лилјана Затуроска.

Комисијата водеше претрес по вкупно 6 амандмани по Предлогот на законот, поднесени од пратениците: г. Марјанчо Николов, г. Миле Андонов, г. Стојко Пауновски, г. Јани Макрадули, г. Панче Орцев, г. Борче Ставров и г. Самка Ибраимоски.

На крајот од расправата, Комисијата не усвои ниту еден од поднесените амандмани.

Комисијата со шест гласа „за“ и три „против“  заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија  не се исполнети условите за подготвување на Дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација.

Click