Активности



Вторник, 10 јули 2012 година

Австрија и Словачка - силни поддржувачи на евроинтегративниот процес на Македонија

Комисијата за надворешна политика и Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија одржаа заедничка средба со потпретседателите и министри за надворешни работи на Република Австрија и Словачката Република, г. Михаел Спинделегер и г. Мирослав Лајчак.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Антонио Милошоски, во своето воведно обраќање до присутните, изрази задоволство од средбата и благодарност поради континуираната поддршка што двете земји ѝ ја даваат на Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат. Тој истакна дека приоритетите на нашата земја и понатаму остануваат непроменети.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, посочи дека три години по ред позитивен извештај за напредокот на Република Македонија е потврда и успех за реформските процеси во државата и го потенцираше недвосмислениот граѓански, етнички консензус, којшто владее во Македонија по прашањето за влез во ЕУ.

На средбата, г. Михаел Спинделегер и г. Мирослав Лајчак посочија дека тука се да дадат силен сигнал дека Австрија и Словачка се силни поддржувачи на евроинтегративниот процес, како членки на шенген и на еврозоната. Воедно, тие нагласија дека прашањето за името не треба да ја блокира евроинтеграцијата на Македонија. 

Присутните се согласија дека водење на паралелен процес, преговори за името и преговори за влез во ЕУ, би било поволно за Република Македонија, која и понатаму останува посветена на спроведување на реформите во администрацијата и судството, како и прашањето за декриминализација на клевета.

Click