Активности



Вторник, 27 март 2012 година

Чешка - докажан пријател на Македонија

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, г. Јозеф Браун.

Во разговорот стана збор за можностите за развивање на билатералната соработка меѓу Македонија и Чешка на парламентарно ниво, при што  заеднички беше констатирано дека би била корисна за двете страни.

Амбасадорот Браун информира дека има најава за посета на делегација на чешки сенатори во Република Македонија на почетокот на јуни годинава.

Во тој контекст, г. Мисини истакна дека Чешка е докажан пријател на нашата земја, пред сè во однос на нашиот евроинтегративен процес и дека контактите со членовите на Парламентарната комисија за европски прашања на Чешка би биле во интерес на Македонија заради можноста да се слушнат чешките искуства на овој план.

На средбата, позитивно беше оценет почетокот на високиот дијалог меѓу Скопје и Брисел за поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на правосудството и фундаменталните права, правдата, слободата и безбедноста, како и делот во Резолуцијата на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија во 2011 година во кој се дава препорака за отпочнување на преговорите за ЕУ членство.

Click