Активности



Понеделник, 27 февруари 2012 година, Виена
 
Делегација на Собранието на Република Македонија учествуваше во ПС на ОБСЕ

Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ), ја одржа својата редовна Зимска сесија на 23 и 24 февруари 2012 година во Виена, Австрија, во која учествуваа над 250 парламентарци од 53 земји-учеснички и четири земји-партнери на ОБСЕ.

На оваа сесија од Собранието на Република Македонија учествуваа г. Сафет Бишевац, заменик-член и г. Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Во рамките на Единаесеттата зимска сесија беа одржани: седница на Постојаниот комитет на ПС на ОБСЕ, одделни седници на Постојаната комисија за политички прашања и безбедност на кои се дискутираше за борбата против тероризмот, Постојаната комисија за економски прашања, наука, технологија и животна средина на која се дискутираше за глобалната финансиска криза и Постојаната комисија за демократија, човекови права и хуманитарни прашања на која се дискутираше за човековите права, тортурата, реформа на затворите, и правдата, заедничка седница на трите постојани комисии, како и специјална дебата на тема: „Иднината на контролата на конвенционалното оружје во областа на ОБСЕ".

На учесниците на оваа сесија  им се обрати г. Петрос Ефтимиу, претседател на ПС на ОБСЕ, г-ѓа Барбара Прамер, претседател на австрискиот парламент, ирскиот министер г-ѓа Лусинда Крејтон, претставник на претседавачот на ОБСЕ и амбасадорот Ламберто Заниер, генерален секретар на ОБСЕ.

Click