Активности



Четврток, 15 март 2012 година

Деветта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 9. седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците г. Панче Орцев и г. Борче Ставров, како и г. Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикати на земјоделци.

На крајот, Комисијата едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи (прво читање); од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.


Click