Активности



Петок, 18 мај 2012 година

Дваесет и четврта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија на 24. седница одржана  на 17 мај 2012 година, во второ читање го разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за договорен залог;

Претседателот на Kомисијата, г. Илија Китаноски ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијатa, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за договорен залог, го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click