Активности



Среда, 9 мај 2012 година

Дваесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија,  на Дваесет и седмата седница, одржана на 7 мај 2012 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  • Предлогот на законот за изменување на Законот за поштенските услуги - I читање, поднесен од пратеникот Изет Зеќири;
  • Предлогот на законот за изменување на Законот за електронските комуникации - I читање, поднесен од пратеникот Изет Зеќири.

На седницата на Комисијата, во својство на предлагач, законите ги образложи пратеникот Изет Зеќири, потенцирајќи ја потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во дискусијата по Предлог-законите учествуваа пратениците: г. Благоја Стојановски, г-ѓа Ане Лашкоска, г. Јани Макрадули, г. Благоја Стојановски, г. Павле Саздов и г-ѓа Билјана Казанџиска.

На крајот од расправата, Комисијата оцени дека Предлог-законите не се прифатливи и дека не треба да се дадат на натамошно читање.

Click