Активности



Среда, 9 октомври 2012 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 22. седница, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан за заемно поттикнување и заштита на инвестиции;
  2. Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Македонија и Чешката Република за меѓународен превоз во патниот сообраќај;
  3. Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Големото Војводство Луксембург за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал.

На седницата на Комисијата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Стевчевски од Министерството за надворешни работи, кој ги образложи Предлог-законите.

Врз основа на расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги донесе горенаведените Предлог-закони.


Click