Активности



Среда, 3 октомври 2012 година

Дваесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 20. седница одржана на 2 и 3 октомври 2012 година, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесени се вкупно пет амандмани по Предлогот на законот.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Борче Ставров, г. Ванчо Апостолов, г. Малиша Станковиќ, г. Саве Марачков, г-ѓа Ленче Николовска, г. Ромео Тренов, г. Горан Сугарески, г-ѓа Станка Анастасова, г-ѓа Дивна Јовковска-Ефтимоска и заменик-министерот Коњановски.

Комисијата со по 4 гласа „за“ и 6 „против“ не ги усвои предложените амандмани.

По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучи овој Предлог-закон да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click