Активности



Вторник, 6 март 2012 година

Дванаесетта седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на Дванаесеттата седница, одржана на 28 февруари 2012 година, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција;
  2. Предлог-законот за ратификација на Договор за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора во контекст на процесот на пристапување во Европската унија;
  3. Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за економска, научна и техничка соработка;
  4. Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во областа на железничкиот сообраќај;
  5. Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за измени и дополнувања на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемни патувања на граѓаните склучена на 19 февруари 2008 година;
  6. Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на културата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Катар.

На седницата на Комисијата, во својство на повереници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи, г. Зоран Петров, заменик-министер за надворешни работи и г. Звонимир Поповиќ, државен советник во Министерството за надворешни работи.

На седницата едногласно беше усвоен амандманот на членот 1 од Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во областа на железничкиот сообраќај, поднесен од пратеникот Антонио Милошоски.

На крајот од расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието на Република Македонија да ги донесе горенаведените Предлог-закони.

Click