Активности



Вторник, 9 октомври 2012 година

Единаесетта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на Единаесеттата седница, одржана на 3 октомври 2012 година, како матично работно тело ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за филмскиот фонд на Република Македонија  - II читање;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за културата  - II читање.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше заменик-министерот за култура, г. Драган Недељковиќ.

Претседателот на Комисијата за култура, г. Гордан Георгиев, ја извести Комисијата дека во предвидениот рок согласно деловникот на Собранието на Република Македонија нема доставено амандмани по Предлог-законите.

Kомисијата за култура ги проследи горенаведените Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

Click